Куп на Конфедерации

16 јуни 2005

Купот на Конфедерациите започна, некој го очекуваше а некој пак не. Ова е едно контраверзно натпреварување кое го организира ФИФА. Неговата историја е кратка, а зашто е контраверзно ќе ви објаснам подолу. Натпреварувањето се игра секое лето во годината пред Светското првенство и домаќин е земјата која е домаќин на СП. Ова натпреварување е контраверзно, бидејќи фудбалскиот свет е поделен со мислењата. На едната страна е ФИФА која инсистира на негово одржување, како и фудбалските фанови кои сакаат да гледаат фудбал, нормално. На другата страна се клубовите, тренерите и играчите кои се против ова натпреварување. За ФИФА нормално е дека е ЗА одржување, најмногу поради тоа што натпреварувањето им носи одлична заработка. Многу спонзори, реклами, ТВ преноси ширум светот....тоа се огромни пари. Има светска популарност поради фактот што учествуваат шампионите на сите континенти како и светскиот шампион. Е сега, од друга страна главни противници се и оние кои се главни актери - фудбалерите. Учеството на натпреварувањето за фудбалерите значи дека ќе поминат цело лето без ниту еден ден одмор (завршува на крајот на јуни, а на почетокот на јули стартуваат подготовките на екипите). Играчите се исцрпуваат, тренерите и клубовите се лути поради тоа. Тие инсистираат дека нема потреба од вакво натпреварување....но ФИФА си е ФИФА. Јас сум на страната на фудбалерите. Иако секогаш добро доаѓа малку интернационален фудбал, сепак....како се чувствува на пример еден Хавиер Занети кој со години е капитен на Интер, а вчера го пропушти освојувањето на првата титула на клубот по долги години. Или пак како се чувствуваат играчите кои играле цела сезона по 50-тина натпревари, а сега треба да играат уште цел месец и да имаат само 5-6 дена одмор, знаејќи дека и по следната сезона, следува Светското Првенство во Германија и повторно нема одмор?
Оваа година е изненадувачки тоа што Бразил како светски и Аргентина како шампион на Јужна Америка допатуваа со најсилните состави (освен Роналдо кој плачеше дека му треба одмор и го доби). Најчесто на ова натпреварување победуваа "помалите" репрезентации бидејќи фаворитите скоро секогаш играле со резервните состави. Ова е најсилен Куп на Конф. досега бидејќи и Бразил и Аргентина и Германија играат во најсилен состав, тука е и Грција (ама ме нервираат...се палат дека ќе ги победат Бразил...) кои и покрај фактот што се шампиони на Европа, не се она што беа на Европското првенство (катастрофално ги играат кфалификациите за СП - како за едни Европски шампиони).
Мислам дека Бразил ќе го освојат....од сенка фаворити се Германија и Аргентина, додека на Грција и предвидувам дебакл.

Што мислите вие? Дали сте ЗА или ПРОТИВ ова натпреварување? Кои се ваши фаворити?

2 коментари:

Blogger Ико рече...

Те послушав...тоа е актуелно. Иначе во врска со ова што го кажа, во право си дека за тие пари не треба ич одмор да им се даде...АМА после на почеток на сезона истите тие фанови што сакаат да гледаат фудбал, ќе се нервираат зашто играчите од нивниот омилен тим не се доволно подготвени односно се уморни. На пример, еден играч на некој клуб од Англија, одиграл Европско првенство минатото лето, веднаш потоа на подготовки со тимот, во Англија игра 38 натпревари од премиер лига, 10-тина од ФА Куп, 10-тина од Карлинг куп па сега уште 6-7 од Куп на конф. па пак директно оди на подготовки.... сепак, многу е.

17:56  
Anonymous Анонимен рече...

Hello. And Bye.

15:24  

Објави коментар

<< Дома