Интересно лето

12 јуни 2005

Не очекува интересно лето во поглед на трансферите. Еве што ќе се случува летово, кој играч каде ќе оди и сл. Денеска за Премиер лигата. Во Англија, ќе започнам со Челзи. Ги купуваат Дел Хорно и Каладзе за позицијата лев бек, а си оди Галас. Ќе купат уште и напаѓач и еден играч од среден ред, најверојатно крилен играч (сакаат Жоакин да го земат ама ќе видиме), едно е сигурно, пари не им се проблем. Манчестер сака многу да троши а малку има. Го купија Ван Дер Сар место месечарот Керол, а Сер Алекс ќе мора да продава ако сака да купува. Смит и Саха најверојатно ќе си одат, а може да си оди и бабата (Ван Нистелрој така си го викам). Ферги го сака Овен, Рио Фердинанд сака мега-договор ама нема да го добие па големи се шансите и да си замине. Веќе тргнаа по Парк од ПСВ, го сакаат и Есиен од Лион...па ќе видиме, на Ферги му се на располагање околу 25 милиони фунти, тешко дека ќе создаде конкурентен тим за идната сезона. Евертон почна да купува играчи, ама според мене краен дострел идната сезона им е место во УЕФА купот. Купуваат пред се просечни играчи...тешко дека ќе го повторат успехот. Во Арсенал е калакурница. Љундберг, Кол, Рејес и Анри може многу лесно да си заминат. Сите сакаат Венгер да купи барем двајца елитни фудбалери и да престане да троши пари за тинејџери (Фабрегас, Клиши и компанија). Јес да тие се иднината на фудбалот ама на "стариве" им се освојуваат трофеи. Ливерпул ќе купува, си одат пензионери од калибарот на Шмицер и Хаман, ќе се засилуваат во одбрана и среден ред, а најверојатно ако Барош си отиде ќе купуваат и напаѓач. Ме нервира само една работа, а тоа е што Рафа инсистира да носи Шпанци во Ливерпул...како и да е. Моја првична прогноза е дека најдобар пазар ќе направат Челзи и Ливерпул. Ферги го изгуби веќе осетот (се изнадава пари за играчи како Џемба-Џемба, Милер...) а Арсен Венгер не е голем трошаџија....

Што мислите вие...кој највеќе ќе се офајди?!