Интервју со Роналдињо

18 јуни 2005

Превземено од МакСпортНет


Интервју со Роналдињо во Guardian

Според многумина најдобриот играч во светот, Роналдињо направи интервју за англискиот весник Guardian. Ги пренесуваме најинтересните делови од ова интервју. Најпрво беше запрашан за голот против Челзи (нормално дека тоа највеќе ги интересира во Англија) кој беше прогласен за најубав во Лигата на Шампионите: Во моментот сакав да му ја подадам топката на Иниеста, но некој се испречи меѓу нас, па потоа сакав да тргнам на дриблинг, но во еден момент здогледав дека постои отворена линија до голот, па сакав да се обидам. Шутнав и за среќа топката пројде низ тесниот слободен простор од одбраната, си реков во себе: Перфектно! Кога сега го гледам голот, ми се чини дека во еден момент сите играчи застанаа, а само јас се мрдав на теренот. Тоа е најверојатно поради тоа што јас застанав со топката, и сите застанаа со мене, а потоа се случи она што се случи – вели Роналдињо. Околу својата младост Роналдињо открива: Пораснав во фамилија во која владееше среќата и позитивната енергија. Сите во мојата куќа постојано беа насмеани. Целиот мој живот додека бев дете беше музика и фудбал. Почнав да свирам на ударни инструменти уште како многу мал, а целото слободно време го поминував со топка. Фудбалот и музиката беа мојот живот, да не станев фудбалер, сигурно сега ќе бев музичар. За тоа како ги научил сите свои дриблинзи тој вели: Јас обожавам да дриблам. Знаете, порано игравме на улица и игравме со часови. Кога играш фудбал повеќе од 5 часа, тогаш ќе ти здосади само да даваш голови. Така, поинтересно ни стана само да се дрибламе. Во почетоците на мојата кариера во Бразил, имаше ситуации кога можев да постигнам гол, но јас сепак ќе причекав за да направам уште некој дриблинг. Сепак, сега кога созревам како игач, мислам дека знам кога треба да се дрибла, а кога нема потреба. За односот со неговата фамилија: Мојата фамилија ми е се на светов. Се што сум постигнал им го должам на нив. Сега тие се околу мене и се грижат за мене. Мојата сестра живее со мене и се грижи за сите мои административни работи, мојот брат ми е менаџер, а исто така и мајка ми многу често не посетува во Барселона. Секој во фамилијата си има своја задача, а мојата е да играм фудбал. За доаѓањето во Барселона и можноста во тоа време наместо во Шпанија да направи трансфер во Англија (тогаш имаше официјални понуди од Манчестер Јунајтед и Челзи): Тоа се два големи клуба и секој играч би сакал да настапува за нив. Фудбалерот може да се снајде во било која лига, сепак во Англија е малку потешко. Се игра брзо и треба многу работа на теренот, но ако работи напорно, секој фудбалер може да се адаптира на сите услови. Сепак јас се решив за Барселона. Мојот сон беше да ги следам стапките на моите идоли Ромарио, Роналдо и Ривалдо. Тоа највеќе влијаеше на мојата одлука, и уште првиот ден знаев дека не сум згрешил. Уште на аеродромот во Барселона ме пречекаа голем број на фанови. Кога го потпишав договорот идниот ден, 25 000 луѓе ме чекаа само да ме видат облечен во дресот на Барселона. Тоа беше посебен ден кој никогаш нема да го заборавам. За можноста Тиери Анри да и се придружи на екипата на Барселона: Вообичаено не зборувам околу трансферите, но мислам дека поради големото пријателство со Тиери, како и поради неговите квалитети, сигурно би било одлично да дојде во Барса. Анри е играч каков што посакува секој клуб, но мислам дека со неговиот стил на игра, тој совршено ќе се вклопи во Барселона.

2 коментари:

Blogger Ико рече...

Се извинувам вака....два пати го објавив...нешто се заебав...нема врска - немора да го читате два пати :)

15:29  
Blogger Ико рече...

Сеа го избришав тоа што не требаше.

Заборавив да напишам: Интервју со Роналдињо - Најдобриот фудбалер на денешницата!!!

Да не грешам случајно?!

20:23  

Објави коментар

<< Дома