Чешка...

09 јуни 2005

Чешка - Македонија 6:1
Што се случи?
Прв дел: Како што напишав во постот за најавата на овој натпревар, во првите 43 минути од натпреварот се оствари она за кое пишував и затоа дојдовме до водство: Чешка започна со 3 напаѓачи и нормално тргна да ни ја наполни мрежата. Ние бевме растеретени и без никаков психолошки товар и игравме опуштено, со мислата дека нема што да се загуби на овој натпревар = игравме супер. Никој не се паничеше, сите играа смирено, не губевме топки, правевме убави акции. Одбраната си ја знаеше работата и рутински ги запираше налетите на Чешка: Шумоликовски и Митревски со ситни фаули на средината на теренот, Васовски како што најавија - фластер на Поборски кој не се виде во првото полувреме, Попов и Петров везеа по левата страна со многу трчање напред и двојни проигрувања, Пандев во стил на лидер знаеше секоја топка да ја смири и да ја задржи во нозете. Шкрипеше само десната страна каде играта на одличниот Лазаревски ја заеба катастрофалниот Крстев кој по којзнае кој пат одигра очајно, на неодредена позиција, со многу грешки.
Со ваква игра, многу нормално беше да поведеме со 0-1. Колку само се израдував. Чешка притисна, но ние си продолживме во ист стил, секој си ја знаеше својата задача и перфектно си ја исполнуваше...имавме шанса и за 2-0, штета што Попов промаши.
Дојде крајот на полувремето и тука се случи тоа што не требаше да се случи: Застанавме!
Чесите само привидно ја олабавија својата опсада на нашиот гол, и во моментите кога се опуштивме и помисливме дека на полувреме ќе одиме со предност, Чесите ни објаснија дека полувремето трае 45 минути (а не 43 како што ние помисливме).
Втор дел: Второто полувреме беше друга приказна. Чешка постигна уште еден погодок и веќе губевме со 3-1 на гости со втората светска фудбалска сила. Тука мислам дека падна во вода се она што било договорено во соблекувалната, играчите се разочараа, додека да се свестат примивме уште еден гол.... останатото го знаете...
Пресуди искуството, физичката подготвеност, тактичката подготвеност и надмоќта на играчки план. НЕ Е СРАМОТА ШТО СМЕ ИЗГУБИЛЕ!!! Во никој случај не е срамота, зошто никој нема да и се смее на Македонија - 96-то пласираната на ранг листата на ФИФА што изгубила од Чешка која е 2-ро пласирана. Ќе и се смеат на Чешка, бидејќи 40 минути не знаеше да го најде патот кон голот, и згора прими гол од репрезентација составена од играчи чија просечна возраст е 23 години!!!
Браво момци! Покажавте дека знаете да играте. Имате пред себе уште три натпревари од овој циклус (Холандија и два пати со Финска) да се воиграте, да освоите уште некој бод, да соберете искуство. Треба само да се надмине психолошката бариера која не тера во одреден момент на секој натпревар едноставно да застанеме. Да се зголеми физичката подготвеност, да се створи тим за идните 7-8 години.
Маџовски (22 години): Ниедна грешка на двете средби,
Лазаревски (22 години): Одлично во одбраната, знае да направи спринт и да нафрли...
Седловски (30 години): За капитенот нема потреба да коментирам,
Васовски (25 години): Идниот капитен според мене, голем спортист!
Петров (24 години): Одличен на левата бековска позиција, летово прави трансфер во шампионот на Бугарија, квалитет...
Попов (22 години): Брз, техничар, одличен тандем со Петров по левата страна, супер изиграа и на двете средби
Шумоликовски (25 години): Нашиот Стивен Жерард :) личи на него...
А. Митревски (24 години): Во тандем со Величе....супер во дефанзивната линија на средината...знаат и двајцата да повлечат и напред кога е потребно...
Пандев (22 години): има ли потреба од коментар...

Тука се уште и: Игњатов, Тасевски, Ѓошевски, Исмаили, Јорде Георгиевски, Стојков, Мазнов, Бајевски, Аце Стојановски, Ванчо Шиков (ќе прави трансфер во ПАО или Олимпијакос) и.т.н. кои се сите на возраст под 25 години!!!

Значи има потенцијал! Оваа генерација според мене е најдобра, во најдобар момент во еден тим се собрани сите надежи на нашиот фудбал...имајте во предвид дека ова им е прв собир на овие играчи заедно...верувам дека во блиска иднина ќе ја видам репрезентацијата на Македонија во издание како во првите 40 минути против Чешка.

„Ние сме млад тим и сакавме да видиме колку можеме да играме против тим како што е Чешка. Верувам дека во догледно време ќе издршиме послиен ритрам во текот на сите 90 минути. Во првите 40 минути ја видовте вистинската Македонија. Целта ми е во блиска иднина така да играме цел натпревар“, изјави Слободан Сантрач.

Ајде да видиме!!!

7 коментари:

Blogger Shepard рече...

Шо ти е бе?! Абе ај.. 6-1 си е 6-1. Нит Чешка да се срами, уште помалце ние да се гордееме.

Апла оптисмист си ти еј :) 96-ти у свет сме, значи ДРВА СМЕ!

14:59  
Blogger Ико рече...

Јас сум Македонец, што и да се случи, и да нема победа нашата репрезентација 100 години...јас секако ќе навивам за Македонија. Оптимизмот е дел од мојот карактер, за се сум таков...мразам песимистичко расположение...

01:22  
Blogger Алекс Букарски рече...

ДА ДА САМО ТАКА СУПЕР СЕ НАШИТЕ НЕКА ПРОДОЛЖАМ БРАВОС МОМЦИ!!!

П.С. НОГУ ЈАКО ИЗИГРАА НАШИТЕ И ВО НАРЕДНАТА УТАКМИЦА ОЧЕКУВАМ ДА ПРИМАТ ПОМАЛКУ ОД 5 ГОЛА! ОДЛИЧНИ БЕА СИТЕ!!! =)

03:50  
Blogger Алекс Букарски рече...

Селекторе не заебавај, биди си ти оптимист секако, ама во твојот пост нигде не зачекав критика на тоа шо ги натера момците 6 пати да го примат ???

“Пресуди искуството, физичката подготвеност, тактичката подготвеност и надмоќта на играчки план“

Сем ова. Сме играле ние и со појаки репрезентации па не сме јале толкава разлика. Не мислиш дека сепак некој стварно ја заеба (љуфна) =)

03:54  
Blogger Ико рече...

Потфрлија Крстев и Мазнов, Гроздановски не изигра како што се очекуваше од еден брз и продорен играч (беше ставен во игра за евентуално до повлече некој контра-напад). Незнам дали забележувате ама Миле Крстев упорно игра за нашата репрезентација иако упорно не успева да изигра ни една добра партија!!! Зашто тој е недопирлив во нашиот состав?!?!?! Тоа е еден од проблемите, Крстев сега, пред неколку години пак Тони Мицевски беше недопирлив...глупости. Или само кога ќе ми текне дека Победа освоија наместено првенство а Драганчо Димитровски беше прв стрелец (даваше наместени голови) - тој Димитровски има 18 настапи за репрезентација а ниеден гол...а напаѓач ми бил

12:59  
Blogger Ико рече...

Пандев на 17 години замина во Италија и тоа во Интер! Таму се тренира, се живее за фудбал. Пандев и Мартинс беа дуото на младинскиот тим на Интер кој два пати го освои младинското првенство во Италија - како што гледаме, Мартинс и Пандев станаа играчи. А тука во МКД? НЕМА УСЛОВИ тука друже!

15:52  
Blogger Ико рече...

Нуанда, иначе за мојата анализа пред натпреварот...утнав зошто типував изненадување. А иначе двете сценарија што ги предвидев се остварија - едното во првата половина од мечот а другото во втората. Јес да не очекував толку убедливо да не згазнат.

19:17  

Објави коментар

<< Дома