Чешка - Македонија

07 јуни 2005

Зашто ќе ги победиме Чесите? (или ќе изиграме нерешено) Еве зашто:

Верувам во нашиот состав, сите се млади играчи (23-24 години просечна возраст) кои знаат дека доколку остварат добар резултат ќе ги привлечат погледите на светската јавност. Репрезентацијата на Чешка е опуштена, имаа само полесен тренинг со Андора (8-1) и како информација во главата имаат дека ние го загубивме двомечот со Андора и за 180 минути не успеавме да им дадеме ниту еден гол. Големи се шансите да не потценат и опуштено да го започнат овој меч. Кај нас пак, самодовербата е вратена, оваа генерација фудбалери успеа да победи на гости - нешто што не ни успеало 6-ипол години, немаме што да загубиме. Сите имаат мотив да се докажуваат. Имаме квалитетни фудбалери (да да, ИМАМЕ!).
Пандев - лидер на нападот, Исмаили и Гроздановски се брзи техничари по крилните позиции, Шумоликовски и Митревски се стандардни во дефанзивната линија од средниот ред, Лазаревски и Петров се покажаа како одлични странични бекови кои знаат да се уфрлат и да ја повлечат топката напред, Седловски и Васовски се командантите во тимот а Маџовски остави прекрасен впечаток на голот. Се на се...ми дава некое право да типувам изненадување.

Зашто ќе изгубиме од Чешка? Еве зашто:
Зошто Чешка е во моментов 2-ра светска фудбалска сила, зад Бразил. Чесите се 2-ри на ранг-листата на ФИФА, а ние сме на 96-то место, што значи дека секоја победа на Чешка од 2-0 па нагоре, нема да биде изненадување и неочекуван резултат. Кога утре ќе пцуете ако (недај боже) примиме гол, нека ви текне против кого играме. Успех е да им дадеме гол, успех е да изгубиме минимално, не е неуспех да изгубиме катастрофално.

Утре ќе уживам додека гледам сите тие млади момци кои во годините кои доаѓаат ќе го носат дресот со боите на МАКЕДОНИЈА и ќе ја претставуваат МАКЕДОНИЈА, како ќе се најдат на терен против светска фудбалска сила и како ќе собираат драгоцено искуство!

Типувам изненадување!
А вие?

5 коментари:

Blogger Nuanda рече...

Е сега ме збуни.
А, ти имаш твој став ќе тепаме или ќе изгубиме?
Важно е да одиграат добро, јас би им простил се доколку скинат нозе од трчање и добар фудбал.
Мислам дека ќе поведеме во прво полувреме, а дека во второ ќе израмнат и на крај ќе тепаат - Чесите

16:44  
Blogger Karakash рече...

da de da:)

22:16  
Blogger Karakash рече...

sekako si u pravo druze, se stavi u win-win situacija:)

23:02  
Blogger Ико рече...

ехее...штета што загубивме...:(

ќе пишам текст покасно

00:54  
Blogger Bukarski рече...

koja steta be? toa treba da se lincova ili da se isperka ko na vremeto so gi perkase sinot Udaj na Sadamco sinceto... imeno posle sekoj poraz na Irak gi krsel od maanje vo soblekuvalni... ajmo, selektore detalna analiza zosto go papavme so tolkava razlika!

12:56  

Објави коментар

Врски до објавата:

Создај врска

<< Дома