Навивачи

06 јуни 2005

Како би ја појасниле појавата НАВИВАЧ или ФАН, како сакате? Интересен е фактот што како и да ја објасните оваа појава, едно секогаш ќе остане исто. Луѓето кои следат спорт и навиваат за некоја екипа (се радуваат на победи, тагуваат на порази) никогаш нема да бидат сватени од оние кои не се заинтересирани за спорт, како и обратно, навивачите никогаш нема да ги сватат оние незаинтересираните како можат да не се интересираат.

Како би одговориле на прашањето: Зошто навиваме за некој тим? Зошто се радуваме на победите? Каква корист имаме од тоа? Од каде толкава сатисфакција???

Еден пријател пред некое време ми напиша коментар на блогот: како можеш да навиваш за две екипи? Само мислиш дека навиваш за двете а всушност не навиваш за ниедната. – така нешто гласеше коментарот, главно тоа беше муабетот. И се подзамислив, од проста причина што не ми текнуваше денот кога сум решил: Јас од денеска навивам за Барселона и Јувентус! Тоа е бидејќи според мене да се биде вистински навивач треба да ти дојде само од себе. Клубот кој го сакаш да ти биде по мерак, искрено да те радува кога ќе победи и искрено да те растажи и изнервира кога ќе загуби. Тоа ти е тоа друже. Кога бев мал почнав да гледам фудбал покрај татко ми. Ме носеше на стадион и памтам дека првиот фудбалски натпревар кој сум го гледал беше Вардар – ОФК Београд. Не памтам ни резултат, ама знам дека имаше некој инцидент на стадионот и тоа ми беше поинтересно. Почнав да гледам фудбал и на ТВ. Не се ни сеќавам што точно гледав, но знам дека првите спомени ми се сврзани со Ромарио, Стоичков, Роберто Баџо, Фабрицио Раванели, Џанлука Вијали... тогаш им ги знаев имињата само на Стоичков, Баџо и Ромарио а другиве ги знаев по фаца.

За Јувентус почнав да навивам годината кога го загубија финалето во Лигата на Шампионите од Борусија Дортмунд...кога го гледав тој натпревар ми стана жал...незнам зашто. Оттогаш па натака секогаш кога ги гледав Јуве, ми беше мило за нив кога победуваа, се воодушевував на мајсториите на тогаш младиот Дел Пиеро. Посебно го засакав Дел Пиеро кога татко ми, ми ја објасни приказната за неговото доаѓање во Јуве. Дека за да се отвори место за него во тимот си отишол Роберто Баџо и дека сите го критикувале тимот за тој потег. Тогаш посакав Дел Пиеро да стане играчиште и да им покаже на сите!!! Така и беше...кога ќе ми текне само на неговата координација, дриблинг, шут...еее колку се радував кога ќе дадеше гол.

Отприлика истиот тој период гледав натпревар помеѓу Реал Мадрид и Барселона. Се играше на Ноу Камп и бев воодушевен од публиката...120000 гледачи сите во црвено-сина боја, кореографии, песни...ме воодушеви страста на луѓето за фудбалот. Интересен ми беше Стоичков и нормално Ромарио, еден Џовани играше исто тогаш ако добро се сеќавам...од тој момент, 2-3 пати ги гледав дерби средбите и некако мил ми стана тимот на Барселона. Се радував кога на спортски вести ќе дадеа информација дека Барса победила, убаво ми беше...

Така ги засакав Барселона и Јувентус...незнам како да опишам со зборови што е тоа што ме тера: да се радувам кога ќе победат, да ми е неубаво кога ќе изгубат, секој ден по интернет да барам инфо за тоа кој што рекол од нивните играчи, да чекам информации за најновите трансфери, да сонувам како првпат кога ќе имам повеќе пари ќе одам на Деле Алпи или Ноу Камп, да симнувам слики и да ги ставам на wallpaper...едноставно е така!


За кого навивате вие? Како ви се случило тоа? Имате ли вие објаснување зашто навивате за некого?
Посебно ме интересираат тие што навиваат на пример за Челзи и тоа од сега од пред една година...како тоа?


П.С.

Матичен клуб ми е Вардар, ама тоа е веќе друга приказна...

2 коментари:

Blogger Ико рече...

Eeee...prijatele. Fala za pofalbata za tekstot. Inace daj neka pobedat Miami vecer. Do kaj e situacijata so Wade?

P.S.
Da si koristese Linux...nemase da ti padne ;)

20:02  
Blogger Ико рече...

Eh....bidna....ajde sega napred San Antonio :))

Ic ne gi sakam ovie Detroit.

14:43  

Објави коментар

<< Дома