БРАВО МОМЦИ!!!

05 јуни 2005

Браво! Ерменија - Македонија 1-2.
Ајде да почнеме. Знам сите ќе речете мувла утакмица ама имајте у предвид каков дожд врнеше и тоа дека немаше скоро никакво резултатско значење. Е сега, да кажам што мислам.
За Маџовски чиста 10-ка, супер е дечкото, само така... Одбраната ми се допаѓа на овој начин, Седловски и Васовски се супер стандардни, додека ме изненади добрата игра и координација на Сашо Лазаревски. По десната страна супер одигра Петров и заедно со Лазаревски одлично се уфрлаат. Средината, Шумоликовски и Аце Митревски одиграа како што треба, цврсто без мрдање, ги сечеа акциите на противникот а одвреме навреме убаво повлекуваа напред. Гроздановски одигра добро но очигледно дека немаше душа да трча 90 минути. По левата страна солидно изигра Попов, додека пријатно изненадување е Исмаили. Исмаили е новиот Артим Шаќири. Колку е само брз и експлозивен а има и одлична техника. Супер. Пандев стандардно но Мазнов ме разочара. Сантрач, ете ти го тимот за следните кфалификации. Значи:
Голман: Маџовски
Одбрана: Лазаревски (десно) Седловски, Васовски (централно) Петров (десно)
Средина: Гроздановски (десно) Шумоликовски, Митревски (централно) Попов (лево)
Напад: Пандев, Мазнов (или Ристе Наумов)

Одлична тактика. Јас против Чешка би играл со Исмаили на местото на Попов за да се створи резултат, после полувреме место Гроздановски би влегол Крстев а место Исмаили би влегол Попов. Крстев и Попов се подефанзивни така да одговараат доколку има убав резултат.

Една работа не ми се допаѓа, а тоа дека играме во грч. Треба да им се даде до знаење на играчите дека немаме што да загубиме, нека се опуштат и нека играат.

САНТРАЧ, ИМАЈ МУДА И ИГРАЈ ОФАНЗИВНО И ПРОТИВ ЧЕШКА!!! НЕМАМЕ ШТО ДА ЗАГУБИМЕ!!! Гроздановски и Исмаили по крилните позиции се струја брзи. Пандев и Мазнов во нападот, со тоа што преку Мазнов би се играло со високи топки.

Што мислите вие???

3 коментари:

Blogger Shepard рече...

Каков оптимиста си еј.

Прво, Ерменија се бетер дрва од нас. Тренерот дебитираше.. башка имавме и среќа.

Пандев ако мисли да паѓа на секој контакт, ене му го Драмски, до хотел Карпош. Мазнив ако планира да игра.. нека потрча малку, да се подзапоти.

Величе е најферплеј играч.. секогаш ја дава топката на противникот :)

И пак ќе речам, имавме гз. Едино ми се свиѓаше разнообразност со дресовите.. е оној Исмаили. Алал да му е, трча детето, не се заебава.

У глобала - катастрофа. Тој Пандев, даде еден пенал и таа што му ја наместија, и не се виде ич.. па и немавме нешто апла иницијатива и шанси. Смешка сме.

А да ги освоевме бодовите со Андора и некое изненадување со Финска и Романија.. ќе бевме трети сигурно, со можност за четврти (коа Грчка освои еврпоско.. што кењате :) )

Ајде сеа ги зиаме Чесите и Холандезите у гости, два пути ги пегламе Финците и ете ти на светско.. а таму отом потом.

05:41  
Blogger Ико рече...

Доста бе вампир еден...значи за да се критикува сме шампиони. Па добро бе, забележа ли дека ниедна акција на Ерменија не пројде по средината на теренот, и дека нивните крила ниеднаш не успеаја да нафрлат. Единствените шанси Ерменија ги имаше од збрки, они направија грешка при вториот гол наш, а ние направивме грешка при нивниот гол (Петров заспа при офсајд стапицата). Единствената работа поради која успеаја да направат по некоја збрка пред наш гол беше зошто помалку се лизгаа на водениот терен, очигледно навикнати се да играат на дождови, за разлика од нас.
Заебавај се ти...ама јас имам некое убаво чувство пред мечот со Чешка.

11:15  
Blogger Shepard рече...

Па шо ти викам, тие беа бетер дрва од нас.. и ја имам убаво чувство пред утакмицата со Чешка.. заљубен сум :)))

19:08  

Објави коментар

<< Дома