Ех Сантрач...

02 јуни 2005

Шо ќе праиме против Ерменија и Чешка? Јас типивам 3 бода.... би требало да ги победиме Ерменците зошто се објективно послаб состав од нашиот. Е сега околу составот....според тоа што го објави вчера Македонски Спорт како можен состав (иначе веќе не купувам весници...скапи се) сакав да издвојам следново:

- Пандев и Мазнов одличен и според мене најдобар избор за во нападот во моментов!
- Гроздановски десно крило: БРАВО!!! Конечно на некој му текна да го стави Гроздановски на таа позиција каде што најдобро игра...одличен потег
- Шумоликовски и Аце Митревски дефанзивна средина - одлично сторено, како што напишав во еден од подолните постови...тие се македонските Жерард и Чаби Алонсо :)) мала шала, одличен потег според мене...
- Седловски и Васовски - супер, нема потреба од коментар, во одбранбената линија сме најјаки

АМААА

Што бара Крстев како десен бек?!?!? Па Сантрач па дај тргни го веќе Крстев од составот....Крстев е нашиот Дејвид Бекам, Франческо Тоти, Зинедин Зидан....абе човекот е недопирлив!!! ЗАШТО? Нема прикажано ниту една добра партија а уште помалку како десен бек (против Романија нешто слично играше....катастрофа изигра).

Големо браво за повикот за Пачовски и Маџовски.....Милошевски месечар.

Големо УУУУАА зошто не е повикан Стојанче Игњатов - Тинте!!!

Зашто нема место за најдобриот фудбалер во домашното првенство?!?!?!?

НАПРЕД МАКЕДОНИЈА.....дај да победиме да ми се разведри расположение околу репрезентацијава.....

3 коментари:

Blogger Shepard рече...

Селекторе, проследи го мојот најнов пост на тема макфудбал :)

10:33  
Blogger Ико рече...

абе каква таква, наша си е...јас имам против оние кои се во делот на организацијата. исто како и Евровизија да речеме (може малку е глуп пример) јас без разлика кој претставник оди, тој ја претставува Македонија...а тоа што нашава организација и избор sucks тоа е друга работа. КАКО БЕ МОЖЕ АВИОНОТ ДА ГО ВРАТАТ НАЗАД БЕ ЕЕЕЈ??!?!?!? Замисли тоа да им се случи на Англија или Италија па колку глави ќе летаат....ама ете...

20:50  
Blogger Ико рече...

Комплет сите се Мирчевски...

13:52  

Објави коментар

<< Дома