Ливерпул

26 мај 2005

Ееее...каков натпревар. Барем што се однесува до мене, најдобро финале во последниве години. Браво за Ливерпул, покажаа како треба да се игра. А едно УА за Милан зошто успеаја да испуштат вакво водство...мислам не е во ред. И денеска читам коментари на играчиве....Шевченко вели дека не бил во офсајд за голот што му го поништиле?! Абе и да не бил...никој не им е крив. Самите успеаја да го прокоцкаат водството од 3-0, што иначе се случува пврвпат во историјата на финалните натпревари – екипата што водела 3-0 да загуби на крајот. Што е – тука е...треба едноставно да им се честита на фудбалерите на Ливерпул за менталитетот...кој сигурно ќе биде една добра лекција за сите тимови дека мечот трае 90 минути...Мене искрено на полувреме ме фати жал за Ливерпул. Го гледав натпреварот во Витраж (инаку најдоброто место за гледање фудбал во градот) и на полувреме им честитав на сите навивачи на Милан и бев помалку разочаран зошто ако победеа Милан, цела сезона ќе требаше да ги слушам како се фалат. А вака...титула ми освоија и Барса и Јувентус, плус тоа опкружен сум (у маало) со навивачи на Милан, Интер, Реал, Манчестер – екипи што не освоија ништо. Екстра... :) Што мислите вие?!

6 коментари:

Blogger Ико рече...

Не можам да кажам дека се согласувам со тебе. Мислам дека времето на катанаџото во Италија помина...сега мислам дека фудбалот во сите првенства е горе-долу на исто ниво.

10:26  
Blogger Ико рече...

Друже, не се согласувам со тебе. Јас сум почнал да навивам за Јуве и Барса уште како мал (бев 5-то одделение), Јуве го засакав годината кога играа финале во ЛШ против Борусија Дортмунд (изгубија ако ти текнува, генерација Раванели, Вијали, Дел Пиеро, Зидан..) а Барса ги засакав на натпреварите против Реал Мадрид што ги гледав како мал со Ромарио, Стоичков, Де Ла Пења, Серхи....така да неможам да се откажам од едните....што се однесува до споредбата со сакањево...јас би споредил со љубовта према двајца браќа – неможеш да не го сакаш едниот, и двајцата ќе си ги сакаш подеднакво нели? Ме испровоцира сега да напишам еден текст на блогов што мислам околу навивањето за некоја екипа...

19:02  
Blogger Vlado Apostolov рече...

Види сеа ја сум ептен сигурен тека таа сезона(Јувентус-Дортмунд) Раванели и Вијали не играа за Јувентус. Едниот отиде во Челзи а другиот во Мидлсборо (ако убабо се сеќавам).
Иначе ја у фудбал највеќе ги обилчам Милан и Манчестер. За Милан викам дека ми се сопруга, а Манчестер швалерака. Оти нив покасно ги засакав. А за милан сум многу одамна, ама мислам дека пресудно да ги засакам беше финалето на ЛШ со Барса(ууупс). 4:0-ти текнуе ?

19:04  
Blogger Ико рече...

Абе...знам дека не играа...муабетот ми беше дека први сеќавања во главава за Јувентус ми се Раванели и Вијали во црно-белиот дрес...а иначе почнав да навивам од финалето со дортмунд...леле колку се изнервирав шо изгубија тогаш, бев копиљ уште :)

02:38  
Blogger Vlado Apostolov рече...

А на голот на Дел Пјеро ти текнуе?

19:29  
Blogger Ико рече...

не ми текнуваа никакви голови од тоа време (човек, бев 5-6то одделение), знам дека ќе се убијам зошто пред 2 години од еден сајт ги симнав сите голови на Дел Пиеро за Јуве....ама ми цркна компјутерот...цркнаа и головите.

20:38  

Објави коментар

<< Дома