Лига на шампиони

05 мај 2005

Дојдовме до уште една завршница на Лигата на шампионите. Оваа година во финалето ќе играат Милан и Ливерпул. Секој има свое мислење кој највеќе заслужил да стигне до финалето а кој не. Ова што следи е мојот поглед на натпреварите во ЛШ оваа сезона.

Да почнам од финалистите. За Ливерпул, пласманот во финалето е фантастичен успех. Оваа екипа според мене заслужи да се најде таму поради тоа што успеа да елиминира големи противници, пред се Јуве и Челзи а уште поголема тежина на нивниот успех додава фактот дека цела сезона се мачеа со повреди на клучни играчи и во првиот тим често играа играчи кои во нормална ситуација не би се нашле ниту на клупата.
Милан исто така пројде преку повеќе тешки противници, но според мене, по полуфиналето морален победник во дуелот помеѓу Милан и ПСВ Ајндховен е холандскиот клуб и сигурно тие се тие кои повеќе заслужија да играат во финалето. Милан на двата натпревари ниту еднаш не врза 20-тина минути иницијатива и упати многу малку шутеви кон голот на ПСВ. Победата од 2-0 дома беше превисока со оглед на случувањата на теренот, додека реваншот во Холандија беше посебна приказна. Милан со еден шут на гол си обезбедија пласман во финале додека ПСВ доминираше во текот на целиот натпревар. Кај англиските екипи, Арсенал уште поодамна никако да му тргне во ЛШ па не е изненадување нивното рано испаѓање додека Челзи според мене не заслужија да стигнат ниту до полуфиналето бидејќи не ги надиграа ниту Баерн ниту Барселона. Реал Мадрид со игрите покажа дека е зрел за реконструкција додека Валенсија и Депортиво слабите игри во домашното првенство ги повторија и во ЛШ. Рома нема сили за ништо повеќе од опстанок во Серија А оваа сезона додека Интер стигна и предалеку со оглед на нивната непостојана игра оваа сезона. Јувентус играше одлично и можеби заслужи нешто повеќе но бледото издание на натпреварот со Ливерпул на Деле Алпи го уништи трудот од целата сезона во ЛШ.
Тоа е моето гледање, што мислите вие?

5 коментари:

Anonymous Анонимен рече...

Да си проверам дали функционираат коментариве...

02:55  
Anonymous Анонимен рече...

Selektore, a za Manchester nekaza nitu zbor. Da znaes deka sum ti lut. ;)

07:28  
Blogger Shepard рече...

Селекторе, оди на vuna.tk или antipunkt.blogspot.com или на bukarski.com да се информираш малце за македонските блогови :) глеам на багра си читнал, ама ако си амбициозен и сакаш да се дружиш, зашо да не..

08:04  
Blogger .аНТИ рече...

Велкам велкам!

09:49  
Blogger Ико рече...

Манчестер со оглед на тоа како ја играат сезонава, мислам дека немаат капацитет за нешто повеќе...нека продадат летово еден напаѓач пошто имаат вишок, да се купи еден голман и еден од средина на терен и другата сезона здравје нели?

10:55  

Објави коментар

<< Дома