Нов спортски магазин

13 април 2007



Поради моите нови професионални обврски кои не ми дозволуваат доволно слободно време за да бидам активен на блогот, од денеска го ставам блогот во мирување.

Како замена, можете да тркнете до првата трафика и да го набавите новиот и единствен спортски магазин во нашата земја: Esport.

По две години постоење и 26 изданија, Club Football порасна и се претвори во Esport. Сега, на повеќе страници, поголем формат и со сите спортови.

Иако е петок 13-ти, мислам дека ова е среќен ден за секој љубител на спортот бидејќи верувам дека Македонија и спортската јавност конечно доби спортски магазин каков што заслужува.

Мотив повеќе можеби ќе ви биде фактот што тимот кој досега работеше на Club Football за потребите на Esport се прошири со уште двајца блогери: Енко (maknba.com.mk) и Дарко (100%Sport). Голема благодарност и до Дарко (Комуникации) чии совети беа драгоцени во трансформацијата на Club Football и подготовката на Esport.

Уживајте во новиот магазин.