Слатки маки...

28 јуни 2005

Само што читав една колумна на еминентен спортски новинар. Темата беше репрезентацијата на Бразил. Тој се осврна на тоа колку се навистина тие силна репрезентација. На прв поглед, кога ќе се спомнат сите овие имиња: Роналдо, Роналдињо, Адриано, Робињо, Кака, Емерсон, Лусио, Роберто Карлос....се чини дека тие се непобедливи. Но...(секогаш има "но") не е се така розово за бразилците.

Ќе наведам само неколку факти што тој ги спомна и верувам дека ќе ве премислам ако сте мислеле дека Бразил со овие фудбалери е непобедлив.

1. Одбрана: Во одбраната единствена светла точка е Лусио. Роберто Карлос со текот на годините го губи здивот, па прашање е во каква форма ќе биде идното лето за Светското Првенство. Кафу исто така го стигаат годините, додека тука е и мајсторот за киксови - Роке Жуниор. Во секој случај Бразил ја имаат една од најслабите одбрани од сите фаворити за трофејот на идното СП (Италија и Англија во преден план).

2. Среден ред и напад: Е тука селекторот Переира има маки. Кога имате слаба одбрана, ви треба среден ред со играчи кои ќе можат да завршуваат многу дефанзивни задачи. Таков играч е Емерсон! Ама кој ќе му биде партнер на Емерсон во дефанзивната линија од средниот ред?! Сите останати кои мора да играат (Роналдињо, Кака пред се), не се снаоѓаат во дефанзивна улога!

3. Во нападот, познато е дека Роналдо е скаран со селекторот зошто не сакаше да игра за репрезентацијата летово бидејќи бил уморен?!?!?! (Да не се умори од освојување титули со Реал сезонава?!?!)

Инаку во среда очекувам интересен натпревар од финалево Бразил-Аргентина!

Што мислите вие? Кој е фаворит во финалето? Дали Бразил се навистина силна селекција како што делуваат со имињата на хартија?

Ждрепка

26 јуни 2005

Се случи и ждрепката за Евро-натпреварувањата. Ќе почнам од УЕФА Купот. На Башкими му давам само поминување на првото коло против босанската екипа, додека Вардар го доби Елбасан од Албанија. Вардар според мене има капацитет за 2 до 3 кола во ова натпреварување, но ништо не би прогнозирал додека не ги видам и другите противници.

Е сега, најбитното – Лига на Шампиони. Работнички како прв противник го доби Сконто од Рига (Летонија). Според квалитетот на Работнички, професионалниот пристап, одличните подготовки кои се во тек, Работнички оди понатаму! Е сега понатаму ги очекува Локомотив Москва. Работнички има квалитет, но Локомотив е подобра екипа. Можеби не е за цела класа подобра, но во овој меч голема улога ќе има фактот што првенството во Русија е веќе во тек, и ќе се соочиме со една екипа која ќе биде во врвна натпреварувачка форма. Гледано од тој агол, Работнички испаѓа. Но од друга страна неможам а да не го спомнам дуелот Вардар – ЦСКА Москва. ЦСКА таа година (пред 2 сезони) беше најдобрата екипа во Русија со веќе започнат шампионат, но сите знаеме што се случи. Ако ја споредиме екипата на Вардар тогаш и оваа на Работнички сега, секако дека логичен развој на настаните е Работнички да победи во 2-то коло. Останува да видиме дали ни "лежат" руските екипи или тоа тогаш беше само момент на слабост на ЦСКА. Како и да е, јас како и секогаш сум оптимист и верувам дека ова ќе биде една сезона за паметење, посебно поради фактот што после подолго време, Македонија во Лигата на Шампиони ќе биде претставувана од еден вистински професионален клуб кој доминираше како никој досега во домашното првенство.

Што мислите вие?

Браво NBA Macedonia

23 јуни 2005

Едно големо браво за Каракаш и Shepard за новиот блог. Ми се допаѓа многу...така да топло им го препорачувам на сите фанови на НБА и на сите спортски фанови воопшто! Вакво нешто очајно ни треба на македонскиот веб простор! Блогот е супер, дизајнот во моментов ми се свиѓа ептен и гледајте да не го менувате често па така ќе стане препознатлив. Мислам дека блогот треба да добие и интернационален карактер, па јас во иднина ќе се обидам сите коментари да ги пишувам и на македонски и на англиски....кога нема да ме мрзи :))

Спортот е тоа што е разонода, страст и забава во целиот свет. Нека биде така и кај нас....преку глава од разни политички, социјални и останати напорни расправии... Јас барем не сакам она слободно време кое го имам да го посветувам на вечни бесцелни берберски расправии со луѓе кои мислат дека се разбираат во се, а всушност не се разбираат во ништо. Расправии кои се посветени на теми и ситуации кои ние со нашето празно ломотење не можеме да ги смениме.

На страна од ова што го напишав погоре, Купот на Конфедерациите стигна до полуфиналната фаза... Бразил - Германија, Аргентина - Мексико. Германците играат дома и се желни да се одмаздат за поразот во финалето на светското првенство, Бразил беа фаворити пред стартот, ама нешто не ме воодушевија многу... Мексико се во серија од 20 натпревари без пораз, ама нешто се испокараа, па дури и двајца играчи беа пратени дома поради недисциплина. Кај Аргентина, Рикелме е во животна форма! Човекот се најде себеси во Виљареал и покажа дека е играчиште, нешто на што не личеше во првата сезона во Барселона. Класичен плејмејкер на кого ако му се остави простор на средината на теренот (Аимар ја грее клупата) воодушевува со својата креативност...ме потсеќа на Дел Пиеро на млади години.

Како и да е, моја прогноза Германија - Аргентина во финале....а во финале, нема фаворити....

Вие?

Коментирајте

21 јуни 2005

Изминативе 2-3 дена се случија низа интересни ствари. Немам време да дадам свој осврт на се па ќе ве оставам вие да искоментирате. Иначе има многу. Прво пласманот на женската ракометна репрезентација на Македонија на Светското Првенство во Русија кое ќе бидне во декември годинава. Екипата на Парма обезбеди опстанок во Серија А. На последната Формула 1 трка се случија разни баханалии.... Има многу што да се искоментира.... Јас утре полагам!

Поздрав!

Срамота!!!!!

19 јуни 2005

Дали некој од вас гледаше ракомет Унгарија-Македонија?!?! Поголем срам за нашиот спорт одамна не се случил. На страна тоа што изгубивме од подобра селекција и што го доживеавме нависокиот наш пораз во досегашното постоење на ракометната репрезентација. Она што беше за срамота е односот на нашите репрезентативци. Натпреварот почна интересно и во првото полувреме беше тесно (од нерешено па до 2-3 разлика за Унгарија). Во второто полувреме откако ни направија две три мини серии, е тогаш почна да се случува СРАМОТ и БРУКАТА! Нашите прекинаа да трчаат, не се враќаа во одбрана, не се брзаа кога влегуваа на теренот како измени, не играа НИШТО. Едноставно оставија да не полнат со голови!!! Таков однос не смее да се дозволи! Јас разбирам донекаде доколку игра клуб (а не репрезентација) па да го загубил натпреварот....ама разбирам донекаде. АМА да се посрамоти вака националниот дрес?! Луѓето кои го гледале натпреварот и се смееле на МАКЕДОНИЈА! Кога играч е повикан во репрезентација, значи му е дадено признание дека е еден од 20-тината најдобри во својата земја. Играчот на теренот треба да го покаже тоа. Не е страшно ако загуби репрезентацијата, страшно е ако се откажеш од неа како што се откажаа нашите ракометари на почетокот од второто полувреме. Среќа последните 5-6 минути селекторот ги седна звездите на клупа и им даде шанса на помладите, кои колку-толку барем се трудеа и спречија место 15 гола, разликата да биде само 11.

Интервју со Роналдињо

18 јуни 2005

Превземено од МакСпортНет


Интервју со Роналдињо во Guardian

Според многумина најдобриот играч во светот, Роналдињо направи интервју за англискиот весник Guardian. Ги пренесуваме најинтересните делови од ова интервју. Најпрво беше запрашан за голот против Челзи (нормално дека тоа највеќе ги интересира во Англија) кој беше прогласен за најубав во Лигата на Шампионите: Во моментот сакав да му ја подадам топката на Иниеста, но некој се испречи меѓу нас, па потоа сакав да тргнам на дриблинг, но во еден момент здогледав дека постои отворена линија до голот, па сакав да се обидам. Шутнав и за среќа топката пројде низ тесниот слободен простор од одбраната, си реков во себе: Перфектно! Кога сега го гледам голот, ми се чини дека во еден момент сите играчи застанаа, а само јас се мрдав на теренот. Тоа е најверојатно поради тоа што јас застанав со топката, и сите застанаа со мене, а потоа се случи она што се случи – вели Роналдињо. Околу својата младост Роналдињо открива: Пораснав во фамилија во која владееше среќата и позитивната енергија. Сите во мојата куќа постојано беа насмеани. Целиот мој живот додека бев дете беше музика и фудбал. Почнав да свирам на ударни инструменти уште како многу мал, а целото слободно време го поминував со топка. Фудбалот и музиката беа мојот живот, да не станев фудбалер, сигурно сега ќе бев музичар. За тоа како ги научил сите свои дриблинзи тој вели: Јас обожавам да дриблам. Знаете, порано игравме на улица и игравме со часови. Кога играш фудбал повеќе од 5 часа, тогаш ќе ти здосади само да даваш голови. Така, поинтересно ни стана само да се дрибламе. Во почетоците на мојата кариера во Бразил, имаше ситуации кога можев да постигнам гол, но јас сепак ќе причекав за да направам уште некој дриблинг. Сепак, сега кога созревам како игач, мислам дека знам кога треба да се дрибла, а кога нема потреба. За односот со неговата фамилија: Мојата фамилија ми е се на светов. Се што сум постигнал им го должам на нив. Сега тие се околу мене и се грижат за мене. Мојата сестра живее со мене и се грижи за сите мои административни работи, мојот брат ми е менаџер, а исто така и мајка ми многу често не посетува во Барселона. Секој во фамилијата си има своја задача, а мојата е да играм фудбал. За доаѓањето во Барселона и можноста во тоа време наместо во Шпанија да направи трансфер во Англија (тогаш имаше официјални понуди од Манчестер Јунајтед и Челзи): Тоа се два големи клуба и секој играч би сакал да настапува за нив. Фудбалерот може да се снајде во било која лига, сепак во Англија е малку потешко. Се игра брзо и треба многу работа на теренот, но ако работи напорно, секој фудбалер може да се адаптира на сите услови. Сепак јас се решив за Барселона. Мојот сон беше да ги следам стапките на моите идоли Ромарио, Роналдо и Ривалдо. Тоа највеќе влијаеше на мојата одлука, и уште првиот ден знаев дека не сум згрешил. Уште на аеродромот во Барселона ме пречекаа голем број на фанови. Кога го потпишав договорот идниот ден, 25 000 луѓе ме чекаа само да ме видат облечен во дресот на Барселона. Тоа беше посебен ден кој никогаш нема да го заборавам. За можноста Тиери Анри да и се придружи на екипата на Барселона: Вообичаено не зборувам околу трансферите, но мислам дека поради големото пријателство со Тиери, како и поради неговите квалитети, сигурно би било одлично да дојде во Барса. Анри е играч каков што посакува секој клуб, но мислам дека со неговиот стил на игра, тој совршено ќе се вклопи во Барселона.

Куп на Конфедерации

16 јуни 2005

Купот на Конфедерациите започна, некој го очекуваше а некој пак не. Ова е едно контраверзно натпреварување кое го организира ФИФА. Неговата историја е кратка, а зашто е контраверзно ќе ви објаснам подолу. Натпреварувањето се игра секое лето во годината пред Светското првенство и домаќин е земјата која е домаќин на СП. Ова натпреварување е контраверзно, бидејќи фудбалскиот свет е поделен со мислењата. На едната страна е ФИФА која инсистира на негово одржување, како и фудбалските фанови кои сакаат да гледаат фудбал, нормално. На другата страна се клубовите, тренерите и играчите кои се против ова натпреварување. За ФИФА нормално е дека е ЗА одржување, најмногу поради тоа што натпреварувањето им носи одлична заработка. Многу спонзори, реклами, ТВ преноси ширум светот....тоа се огромни пари. Има светска популарност поради фактот што учествуваат шампионите на сите континенти како и светскиот шампион. Е сега, од друга страна главни противници се и оние кои се главни актери - фудбалерите. Учеството на натпреварувањето за фудбалерите значи дека ќе поминат цело лето без ниту еден ден одмор (завршува на крајот на јуни, а на почетокот на јули стартуваат подготовките на екипите). Играчите се исцрпуваат, тренерите и клубовите се лути поради тоа. Тие инсистираат дека нема потреба од вакво натпреварување....но ФИФА си е ФИФА. Јас сум на страната на фудбалерите. Иако секогаш добро доаѓа малку интернационален фудбал, сепак....како се чувствува на пример еден Хавиер Занети кој со години е капитен на Интер, а вчера го пропушти освојувањето на првата титула на клубот по долги години. Или пак како се чувствуваат играчите кои играле цела сезона по 50-тина натпревари, а сега треба да играат уште цел месец и да имаат само 5-6 дена одмор, знаејќи дека и по следната сезона, следува Светското Првенство во Германија и повторно нема одмор?
Оваа година е изненадувачки тоа што Бразил како светски и Аргентина како шампион на Јужна Америка допатуваа со најсилните состави (освен Роналдо кој плачеше дека му треба одмор и го доби). Најчесто на ова натпреварување победуваа "помалите" репрезентации бидејќи фаворитите скоро секогаш играле со резервните состави. Ова е најсилен Куп на Конф. досега бидејќи и Бразил и Аргентина и Германија играат во најсилен состав, тука е и Грција (ама ме нервираат...се палат дека ќе ги победат Бразил...) кои и покрај фактот што се шампиони на Европа, не се она што беа на Европското првенство (катастрофално ги играат кфалификациите за СП - како за едни Европски шампиони).
Мислам дека Бразил ќе го освојат....од сенка фаворити се Германија и Аргентина, додека на Грција и предвидувам дебакл.

Што мислите вие? Дали сте ЗА или ПРОТИВ ова натпреварување? Кои се ваши фаворити?

Интересно лето

12 јуни 2005

Не очекува интересно лето во поглед на трансферите. Еве што ќе се случува летово, кој играч каде ќе оди и сл. Денеска за Премиер лигата. Во Англија, ќе започнам со Челзи. Ги купуваат Дел Хорно и Каладзе за позицијата лев бек, а си оди Галас. Ќе купат уште и напаѓач и еден играч од среден ред, најверојатно крилен играч (сакаат Жоакин да го земат ама ќе видиме), едно е сигурно, пари не им се проблем. Манчестер сака многу да троши а малку има. Го купија Ван Дер Сар место месечарот Керол, а Сер Алекс ќе мора да продава ако сака да купува. Смит и Саха најверојатно ќе си одат, а може да си оди и бабата (Ван Нистелрој така си го викам). Ферги го сака Овен, Рио Фердинанд сака мега-договор ама нема да го добие па големи се шансите и да си замине. Веќе тргнаа по Парк од ПСВ, го сакаат и Есиен од Лион...па ќе видиме, на Ферги му се на располагање околу 25 милиони фунти, тешко дека ќе создаде конкурентен тим за идната сезона. Евертон почна да купува играчи, ама според мене краен дострел идната сезона им е место во УЕФА купот. Купуваат пред се просечни играчи...тешко дека ќе го повторат успехот. Во Арсенал е калакурница. Љундберг, Кол, Рејес и Анри може многу лесно да си заминат. Сите сакаат Венгер да купи барем двајца елитни фудбалери и да престане да троши пари за тинејџери (Фабрегас, Клиши и компанија). Јес да тие се иднината на фудбалот ама на "стариве" им се освојуваат трофеи. Ливерпул ќе купува, си одат пензионери од калибарот на Шмицер и Хаман, ќе се засилуваат во одбрана и среден ред, а најверојатно ако Барош си отиде ќе купуваат и напаѓач. Ме нервира само една работа, а тоа е што Рафа инсистира да носи Шпанци во Ливерпул...како и да е. Моја првична прогноза е дека најдобар пазар ќе направат Челзи и Ливерпул. Ферги го изгуби веќе осетот (се изнадава пари за играчи како Џемба-Џемба, Милер...) а Арсен Венгер не е голем трошаџија....

Што мислите вие...кој највеќе ќе се офајди?!

Чешка...

09 јуни 2005

Чешка - Македонија 6:1
Што се случи?
Прв дел: Како што напишав во постот за најавата на овој натпревар, во првите 43 минути од натпреварот се оствари она за кое пишував и затоа дојдовме до водство: Чешка започна со 3 напаѓачи и нормално тргна да ни ја наполни мрежата. Ние бевме растеретени и без никаков психолошки товар и игравме опуштено, со мислата дека нема што да се загуби на овој натпревар = игравме супер. Никој не се паничеше, сите играа смирено, не губевме топки, правевме убави акции. Одбраната си ја знаеше работата и рутински ги запираше налетите на Чешка: Шумоликовски и Митревски со ситни фаули на средината на теренот, Васовски како што најавија - фластер на Поборски кој не се виде во првото полувреме, Попов и Петров везеа по левата страна со многу трчање напред и двојни проигрувања, Пандев во стил на лидер знаеше секоја топка да ја смири и да ја задржи во нозете. Шкрипеше само десната страна каде играта на одличниот Лазаревски ја заеба катастрофалниот Крстев кој по којзнае кој пат одигра очајно, на неодредена позиција, со многу грешки.
Со ваква игра, многу нормално беше да поведеме со 0-1. Колку само се израдував. Чешка притисна, но ние си продолживме во ист стил, секој си ја знаеше својата задача и перфектно си ја исполнуваше...имавме шанса и за 2-0, штета што Попов промаши.
Дојде крајот на полувремето и тука се случи тоа што не требаше да се случи: Застанавме!
Чесите само привидно ја олабавија својата опсада на нашиот гол, и во моментите кога се опуштивме и помисливме дека на полувреме ќе одиме со предност, Чесите ни објаснија дека полувремето трае 45 минути (а не 43 како што ние помисливме).
Втор дел: Второто полувреме беше друга приказна. Чешка постигна уште еден погодок и веќе губевме со 3-1 на гости со втората светска фудбалска сила. Тука мислам дека падна во вода се она што било договорено во соблекувалната, играчите се разочараа, додека да се свестат примивме уште еден гол.... останатото го знаете...
Пресуди искуството, физичката подготвеност, тактичката подготвеност и надмоќта на играчки план. НЕ Е СРАМОТА ШТО СМЕ ИЗГУБИЛЕ!!! Во никој случај не е срамота, зошто никој нема да и се смее на Македонија - 96-то пласираната на ранг листата на ФИФА што изгубила од Чешка која е 2-ро пласирана. Ќе и се смеат на Чешка, бидејќи 40 минути не знаеше да го најде патот кон голот, и згора прими гол од репрезентација составена од играчи чија просечна возраст е 23 години!!!
Браво момци! Покажавте дека знаете да играте. Имате пред себе уште три натпревари од овој циклус (Холандија и два пати со Финска) да се воиграте, да освоите уште некој бод, да соберете искуство. Треба само да се надмине психолошката бариера која не тера во одреден момент на секој натпревар едноставно да застанеме. Да се зголеми физичката подготвеност, да се створи тим за идните 7-8 години.
Маџовски (22 години): Ниедна грешка на двете средби,
Лазаревски (22 години): Одлично во одбраната, знае да направи спринт и да нафрли...
Седловски (30 години): За капитенот нема потреба да коментирам,
Васовски (25 години): Идниот капитен според мене, голем спортист!
Петров (24 години): Одличен на левата бековска позиција, летово прави трансфер во шампионот на Бугарија, квалитет...
Попов (22 години): Брз, техничар, одличен тандем со Петров по левата страна, супер изиграа и на двете средби
Шумоликовски (25 години): Нашиот Стивен Жерард :) личи на него...
А. Митревски (24 години): Во тандем со Величе....супер во дефанзивната линија на средината...знаат и двајцата да повлечат и напред кога е потребно...
Пандев (22 години): има ли потреба од коментар...

Тука се уште и: Игњатов, Тасевски, Ѓошевски, Исмаили, Јорде Георгиевски, Стојков, Мазнов, Бајевски, Аце Стојановски, Ванчо Шиков (ќе прави трансфер во ПАО или Олимпијакос) и.т.н. кои се сите на возраст под 25 години!!!

Значи има потенцијал! Оваа генерација според мене е најдобра, во најдобар момент во еден тим се собрани сите надежи на нашиот фудбал...имајте во предвид дека ова им е прв собир на овие играчи заедно...верувам дека во блиска иднина ќе ја видам репрезентацијата на Македонија во издание како во првите 40 минути против Чешка.

„Ние сме млад тим и сакавме да видиме колку можеме да играме против тим како што е Чешка. Верувам дека во догледно време ќе издршиме послиен ритрам во текот на сите 90 минути. Во првите 40 минути ја видовте вистинската Македонија. Целта ми е во блиска иднина така да играме цел натпревар“, изјави Слободан Сантрач.

Ајде да видиме!!!

Чешка - Македонија

07 јуни 2005

Зашто ќе ги победиме Чесите? (или ќе изиграме нерешено) Еве зашто:

Верувам во нашиот состав, сите се млади играчи (23-24 години просечна возраст) кои знаат дека доколку остварат добар резултат ќе ги привлечат погледите на светската јавност. Репрезентацијата на Чешка е опуштена, имаа само полесен тренинг со Андора (8-1) и како информација во главата имаат дека ние го загубивме двомечот со Андора и за 180 минути не успеавме да им дадеме ниту еден гол. Големи се шансите да не потценат и опуштено да го започнат овој меч. Кај нас пак, самодовербата е вратена, оваа генерација фудбалери успеа да победи на гости - нешто што не ни успеало 6-ипол години, немаме што да загубиме. Сите имаат мотив да се докажуваат. Имаме квалитетни фудбалери (да да, ИМАМЕ!).
Пандев - лидер на нападот, Исмаили и Гроздановски се брзи техничари по крилните позиции, Шумоликовски и Митревски се стандардни во дефанзивната линија од средниот ред, Лазаревски и Петров се покажаа како одлични странични бекови кои знаат да се уфрлат и да ја повлечат топката напред, Седловски и Васовски се командантите во тимот а Маџовски остави прекрасен впечаток на голот. Се на се...ми дава некое право да типувам изненадување.

Зашто ќе изгубиме од Чешка? Еве зашто:
Зошто Чешка е во моментов 2-ра светска фудбалска сила, зад Бразил. Чесите се 2-ри на ранг-листата на ФИФА, а ние сме на 96-то место, што значи дека секоја победа на Чешка од 2-0 па нагоре, нема да биде изненадување и неочекуван резултат. Кога утре ќе пцуете ако (недај боже) примиме гол, нека ви текне против кого играме. Успех е да им дадеме гол, успех е да изгубиме минимално, не е неуспех да изгубиме катастрофално.

Утре ќе уживам додека гледам сите тие млади момци кои во годините кои доаѓаат ќе го носат дресот со боите на МАКЕДОНИЈА и ќе ја претставуваат МАКЕДОНИЈА, како ќе се најдат на терен против светска фудбалска сила и како ќе собираат драгоцено искуство!

Типувам изненадување!
А вие?

Навивачи

06 јуни 2005

Како би ја појасниле појавата НАВИВАЧ или ФАН, како сакате? Интересен е фактот што како и да ја објасните оваа појава, едно секогаш ќе остане исто. Луѓето кои следат спорт и навиваат за некоја екипа (се радуваат на победи, тагуваат на порази) никогаш нема да бидат сватени од оние кои не се заинтересирани за спорт, како и обратно, навивачите никогаш нема да ги сватат оние незаинтересираните како можат да не се интересираат.

Како би одговориле на прашањето: Зошто навиваме за некој тим? Зошто се радуваме на победите? Каква корист имаме од тоа? Од каде толкава сатисфакција???

Еден пријател пред некое време ми напиша коментар на блогот: како можеш да навиваш за две екипи? Само мислиш дека навиваш за двете а всушност не навиваш за ниедната. – така нешто гласеше коментарот, главно тоа беше муабетот. И се подзамислив, од проста причина што не ми текнуваше денот кога сум решил: Јас од денеска навивам за Барселона и Јувентус! Тоа е бидејќи според мене да се биде вистински навивач треба да ти дојде само од себе. Клубот кој го сакаш да ти биде по мерак, искрено да те радува кога ќе победи и искрено да те растажи и изнервира кога ќе загуби. Тоа ти е тоа друже. Кога бев мал почнав да гледам фудбал покрај татко ми. Ме носеше на стадион и памтам дека првиот фудбалски натпревар кој сум го гледал беше Вардар – ОФК Београд. Не памтам ни резултат, ама знам дека имаше некој инцидент на стадионот и тоа ми беше поинтересно. Почнав да гледам фудбал и на ТВ. Не се ни сеќавам што точно гледав, но знам дека првите спомени ми се сврзани со Ромарио, Стоичков, Роберто Баџо, Фабрицио Раванели, Џанлука Вијали... тогаш им ги знаев имињата само на Стоичков, Баџо и Ромарио а другиве ги знаев по фаца.

За Јувентус почнав да навивам годината кога го загубија финалето во Лигата на Шампионите од Борусија Дортмунд...кога го гледав тој натпревар ми стана жал...незнам зашто. Оттогаш па натака секогаш кога ги гледав Јуве, ми беше мило за нив кога победуваа, се воодушевував на мајсториите на тогаш младиот Дел Пиеро. Посебно го засакав Дел Пиеро кога татко ми, ми ја објасни приказната за неговото доаѓање во Јуве. Дека за да се отвори место за него во тимот си отишол Роберто Баџо и дека сите го критикувале тимот за тој потег. Тогаш посакав Дел Пиеро да стане играчиште и да им покаже на сите!!! Така и беше...кога ќе ми текне само на неговата координација, дриблинг, шут...еее колку се радував кога ќе дадеше гол.

Отприлика истиот тој период гледав натпревар помеѓу Реал Мадрид и Барселона. Се играше на Ноу Камп и бев воодушевен од публиката...120000 гледачи сите во црвено-сина боја, кореографии, песни...ме воодушеви страста на луѓето за фудбалот. Интересен ми беше Стоичков и нормално Ромарио, еден Џовани играше исто тогаш ако добро се сеќавам...од тој момент, 2-3 пати ги гледав дерби средбите и некако мил ми стана тимот на Барселона. Се радував кога на спортски вести ќе дадеа информација дека Барса победила, убаво ми беше...

Така ги засакав Барселона и Јувентус...незнам како да опишам со зборови што е тоа што ме тера: да се радувам кога ќе победат, да ми е неубаво кога ќе изгубат, секој ден по интернет да барам инфо за тоа кој што рекол од нивните играчи, да чекам информации за најновите трансфери, да сонувам како првпат кога ќе имам повеќе пари ќе одам на Деле Алпи или Ноу Камп, да симнувам слики и да ги ставам на wallpaper...едноставно е така!


За кого навивате вие? Како ви се случило тоа? Имате ли вие објаснување зашто навивате за некого?
Посебно ме интересираат тие што навиваат на пример за Челзи и тоа од сега од пред една година...како тоа?


П.С.

Матичен клуб ми е Вардар, ама тоа е веќе друга приказна...

БРАВО МОМЦИ!!!

05 јуни 2005

Браво! Ерменија - Македонија 1-2.
Ајде да почнеме. Знам сите ќе речете мувла утакмица ама имајте у предвид каков дожд врнеше и тоа дека немаше скоро никакво резултатско значење. Е сега, да кажам што мислам.
За Маџовски чиста 10-ка, супер е дечкото, само така... Одбраната ми се допаѓа на овој начин, Седловски и Васовски се супер стандардни, додека ме изненади добрата игра и координација на Сашо Лазаревски. По десната страна супер одигра Петров и заедно со Лазаревски одлично се уфрлаат. Средината, Шумоликовски и Аце Митревски одиграа како што треба, цврсто без мрдање, ги сечеа акциите на противникот а одвреме навреме убаво повлекуваа напред. Гроздановски одигра добро но очигледно дека немаше душа да трча 90 минути. По левата страна солидно изигра Попов, додека пријатно изненадување е Исмаили. Исмаили е новиот Артим Шаќири. Колку е само брз и експлозивен а има и одлична техника. Супер. Пандев стандардно но Мазнов ме разочара. Сантрач, ете ти го тимот за следните кфалификации. Значи:
Голман: Маџовски
Одбрана: Лазаревски (десно) Седловски, Васовски (централно) Петров (десно)
Средина: Гроздановски (десно) Шумоликовски, Митревски (централно) Попов (лево)
Напад: Пандев, Мазнов (или Ристе Наумов)

Одлична тактика. Јас против Чешка би играл со Исмаили на местото на Попов за да се створи резултат, после полувреме место Гроздановски би влегол Крстев а место Исмаили би влегол Попов. Крстев и Попов се подефанзивни така да одговараат доколку има убав резултат.

Една работа не ми се допаѓа, а тоа дека играме во грч. Треба да им се даде до знаење на играчите дека немаме што да загубиме, нека се опуштат и нека играат.

САНТРАЧ, ИМАЈ МУДА И ИГРАЈ ОФАНЗИВНО И ПРОТИВ ЧЕШКА!!! НЕМАМЕ ШТО ДА ЗАГУБИМЕ!!! Гроздановски и Исмаили по крилните позиции се струја брзи. Пандев и Мазнов во нападот, со тоа што преку Мазнов би се играло со високи топки.

Што мислите вие???

Ех Сантрач...

02 јуни 2005

Шо ќе праиме против Ерменија и Чешка? Јас типивам 3 бода.... би требало да ги победиме Ерменците зошто се објективно послаб состав од нашиот. Е сега околу составот....според тоа што го објави вчера Македонски Спорт како можен состав (иначе веќе не купувам весници...скапи се) сакав да издвојам следново:

- Пандев и Мазнов одличен и според мене најдобар избор за во нападот во моментов!
- Гроздановски десно крило: БРАВО!!! Конечно на некој му текна да го стави Гроздановски на таа позиција каде што најдобро игра...одличен потег
- Шумоликовски и Аце Митревски дефанзивна средина - одлично сторено, како што напишав во еден од подолните постови...тие се македонските Жерард и Чаби Алонсо :)) мала шала, одличен потег според мене...
- Седловски и Васовски - супер, нема потреба од коментар, во одбранбената линија сме најјаки

АМААА

Што бара Крстев како десен бек?!?!? Па Сантрач па дај тргни го веќе Крстев од составот....Крстев е нашиот Дејвид Бекам, Франческо Тоти, Зинедин Зидан....абе човекот е недопирлив!!! ЗАШТО? Нема прикажано ниту една добра партија а уште помалку како десен бек (против Романија нешто слично играше....катастрофа изигра).

Големо браво за повикот за Пачовски и Маџовски.....Милошевски месечар.

Големо УУУУАА зошто не е повикан Стојанче Игњатов - Тинте!!!

Зашто нема место за најдобриот фудбалер во домашното првенство?!?!?!?

НАПРЕД МАКЕДОНИЈА.....дај да победиме да ми се разведри расположение околу репрезентацијава.....

Маркетинг

01 јуни 2005

Ако сте заинтересирани финансиски да го поддржите ентузијазмот на авторот на овој блог, можете во исто време да се промовирате на еден од 2-та начини на рекламирање. Цените се повеќе од симболични :-)



Контактирајте ме на iko.dimitrov@gmail.com